После неколку дена успеавме да ги собереме сите импресии и да Ви ги доловиме чувствата и емоциите од тие неколку дена на саемот во Нинберг.
За почеток вниманието ни го прилече големиот број кучиња во колички од наразличен вид, кучиња кои мирно набљудуваа сѐ што се случуваше околу нив, сместени удобно во ранчиња, како и многу кучиња кои се шетаа облечени во различни фустанчиња или блузички и со многу „кул“ аксесоари на нив: машнички на глава, машни на врат, наочари за сонце, марами и др., а не изостануваше ниту пристуството на мачиња. Чувството од кое не можевме да побегнеме е дека сите тие знаеа дека се на саем за нив и весело трчаа по штандовите надевајќи се дека ќе добијат некоја грицка плус.
За време на нашата посета на саемот се сретнавме со сите компании со кои соработуваме и од нивна страна добивме информации за сите новости поврзани со нивните производи кои набрзо можеме да ги очекуваме.
Исто така посетивме и нови компании, „собравме“ нови идеи и донесовме повеќе уренци и тестери за Луна, Еџе и Херкул, прво тие да пробаат и да ни кажат дали и колку се задоволни.
Исто така, се потрудивме да ги најдеме и производите кои Вие ни ги баравте, па ќе се обидеме да донесеме повеќе од нив.
Срцата ни се полни со нови вибрации и слободно можеме да продолжиме со работа оваа година. На сите штандови кои ги посетивме покажувавме слики од Вашите миленичиња и тие беа пресреќни кога ги гледаа Вашите фотографии.
Ние насекаде Ве носиме со нас и сме премногу горди што сите заедно претставуваме едно големо семејство кое не би го смениле за ништо на светот!
Заедно ги придвижуваме и менуваме нештата, бидејќи Ве носиме каде и да одиме!!!