Текстот во целост е преземен од ФБ страницата на HAPPY SHELTER.
Коби и Лина, нека Ви е среќен, нај најсреќен роденденот и што поскоро да ви се оствари заедничката желба, да имате свое семејство и сопствен дом!
„Денес го прославивме првиот роденден на нашите најсакани Коби и Лина!
Коби и Лина си добија прекрасна торта, многу грицки, нови џемперчиња и си поминаа одлично на роденденската забава со нивните другарчиња.
Голема благодарност до Luna Pet Shop за подарените торти и што ни помогнаа овој ден на Коби и Лина да им го направиме посебен!
Би сакале да се заблагодариме и Conny Paap, Margriet Weber i Jeannette Linterman за донираните колачиња, јакнички и џемперчиња.
Коби и Лина се во нашиот шелтер скоро целиот свој живот и нема нешто што би сакале повеќе од тоа да бидат вдомени и да имаат сопствен дом. Коби и Лина се премили кучиња и спремни се да ја дадат целата своја љубов на нивните нови фамилии.
Единственото прашање што останува е, кој ќе ги вдоми и ќе стане најсреќниот човек на свет?“