BAZAAR НА РАКОТВОРБИ СО ИВА, КАЛА И CRAFTIES HANDMADE ВО ЛУНА ПЕТ

Здраво друштво! Во Сабота (25 Март 2023) ќе имаме прекрасен настан со наша креаторка со нејзиното милениче Кала каде ќе ни ги покаже нејзините прекрасни ракотворби.

Кога ќе се спојат неизмерната љубов кон крзнените пријателчиња и дарбата, креативноста несомено ќе дојде сама по себе.

Таков е примерот и со нашата креативна дизајнерка Ива, која со својата бесконечна имагинација, незимерен ентузијазам и бескрајна посветеност нѐ внесува во светот на фантазијата, па оттаму сo игла и конец ги креира своите уникатни рачни изработки, во кои невозможното станува возможно.

Со голема возбуда Ве покануваме и Вас со Вашите миленици на Базарот на ракотворби во Луна Пет кој ќе се одржи во сабота, на 25.03.2023 г. од 12.00 до 15.00 ч., каде лично ќе се увериме во извонредните ракотворби, добро познати кај нас под името Crafties Handmade, а ќе можеме да ја погледнеме и најновата колекција на маички за оваа пролет.

Ива заедно со нејзината Кала и Луна Пет со нетрпение Ве очекуваат!!!

Нормално, Ве чекаме Вас заедно со Вашите миленичиња <3