АПРИЛИ-ЛИ-ЛИ СО ЛАЈКА ВО ПАРК

Дел од екипата на Луна Пет беше присутна на Школка во Градскиот парк во Скопје на 2-ри април заедно со сите маскирани миленици и нивните сопственици преубаво се забавуваше и со широка насмевка на лицето се воодушевуваше на маскираните кученца кои среќно трчкаа наоколу.

Многу сме среќни што бевме дел од евентот организиран од Лајка по повод 1-ви април, денот на шегата, но овој пат маските беа резервирани за кученцата маскирани од балерини, пеперутки, буба мари, преку цртаните ликови на Симба, Немо, Вини Пу до рокери и панкери, моторџии и многу многу други интересни маски од палетата на извонредната бесконечна имагинација на нивните сопственици.

Луна Пет е секогаш тука да поддржи љубов за сите наши миленици, без кои животот нема да е ист.