Како да го запознаеш твоето куче со новиот член на фамилијата?

Честитки! Твојата фамилија станува се побогата и тоа е причина за среќа. Кога се чека бебе во домот, се знае дека има многу работи кои треба да се спремат, но ако имате и куче во домот, тогаш имате и уште една работа на ум: како кучето ќе реагира на бебето?

Кучето е одличен придружник за Вас и целата Ваша фамилија, а со правилен тренинг брзо ќе биде смирувачко присуство и за вашето дете кое ќе има големо влијание врз растот и развојот на бебето. Истражувањата покажуваат дека децата кои растат со кучиња во нивните домови имаат помала веројатност да имаат анксиозност, имаат висок имунитет, лесно се социјализираат и се посреќни!

Кучето ја чувствува новата енергија низ домот, но не знае за што точно се работи. Но, со соодветен тренинг и правилно запознавање сe ќе биде во ред и без грижи. Ајде заедно да ги поминеме седумте главни чекори кои ќе Ви помогнат брзо и лесно да го воведете Вашето куче со новиот член на фамилијата!

1.Почнете нова рутина

Добро воспитаните кучиња треба да имаат добро поставена рутина која тие ја следат. Редовните утрински прошетки, распоредот за хранење, каде стои креветчето, времето за играње и пред спиење се навики што вашето куче ги научило. Ако ново бебе дојде во домот и сите овие ритуали одеднаш се измешаат, вашето куче може да се збуни. Најдобро е рано да започнете да воспоставувате нови навики за вашето куче да знае што да очекува кога ќе дојде бебето. Неколку месеци пред датумот на породување, почнете да воведувате нови рутини за да можат да се навикнат на нив. Може да почнете со поместување на дневната прошетка со времето кога ќе излезете заедно со бебето во количка, или можеби ќе Ви биде потребен нов распоред на спиење.
Исто така, знајте дека со новороденче, ќе мора да оттргнете малку внимание од вашето куче. Од таа причина може ќе имате потреба  да го “опсипете” Вашето куче со повеќе љубов и внимание непосредно пред да дојде бебето да го надомести ова, но ова е потешко за вашето куче. Можеби мислат: „Го добив сето ова внимание додека не се појави бебето“. Овој недостаток на внимание би можеле да го поврзат со бебето, што воопшто не е добра идеа. Затоа полека учете се на баланс и трпение.

2.Дозволи му на кучето да ја истражува околината

Новото бебе значи нови предмети, нови мириси, па дури и нови звуци. Кога почнувате да носите нови предмети во Вашиот дом дајте му шанса на Вашето куче да се навикне на чудни предмети како колички и детски играчки. Сите овие предмети се непознати за Вашето куче и може да предизвикаат вознемиреност. Нека се навикне на сите нив сега со тоа што ќе му дозволите да ги види и мирисне новите предмети со цел да се запознае со нив. Исто така ако имате играчки кои имаат звуци, полека почнете да пуштате низ домот со цел да ги поврзе со бебето.
Најважно за кучето да се навикне е мирисот на бебето. Воведете ги сите детски лосиони и пудри кои планирате да ги користите со бебето еден месец или нешто однапред. Кога ќе се роди бебето, претходно донесете дома ќебе кое Вашето бебе го користело за кучето да го душка. Најважно е да му дозволите на  Вашето куче да учи и истражува со свое темпо, со многу позитивна дресура и помош од Ваша страна за да може да се спремни за новиот член во домот.
3. Време е за нови правила

Ако сакаш да поставиш нови правила во домот- сега е времето! Ако сакаш кучето да не влегува без тебе во детската соба, почнете да работите неколку месеци однапред за да се научи да бара дозвола. Ако сакаш да смениш некое однесување, почнете порано за да има кучето време да се адаптира на промените.

Секоја мала промена за тебе може да е огромна и тешка за твојот миленик бидејќи како што кажавме погоре, кај нив рутината има големо значење во нивното секојдневие. Па затоа најдобро е неколку месеци пред да пристигне вашето ново бебе е добро време да размислите кои домашни правила може да се променат. Можеби не треба да влегува само во детската соба или не сакате повеќе да се качува на кревет? Поставете какви било нови правила сега и почнете да го тренирате вашето куче да ги следи.

4. Постепено запознавај го бебето со кучето

Ете го и моментот кој го чекаат сите- бебето се носи во домот! Најдобро би било доколку кучето е убаво прошетано и изморено, без висока енергија за да може полесно да го контролирате и да Ве слуша повеќе. Кога ќе влезете во домот најдобро е да нема многу луѓе и никако да не го игнорирате кучето или да го тргнете на страна. Ако сакате да имате целосна контрола, ставете поводник на кучето но бидете во истата соба и имајте го вниманието на Вашето куче кое треба да ги следи Вашите наредби.

Дозволете му на кучето да го набљудува и да го можеда го осети мирисотна Вашето бебето од далечина. Секој ден, дозволете му на кучето да се доближува сè поблиску, така што кучето ќе ги научи соодветните граници со бебето. Полека ќе се доближува се повеќе до бебето и за секое добро однесување пофалете го и наградете го, да знае дека тоа е во ред и дека така треба да се однесува. Договорете правила на однесување и држете се до истите па така ќе биде полесно за сите.

5. Не го заборавај твоето куче

Со новите обврски со бебето многу е лесно да заборавите некој дел од Вашите обврски кон Вашето милениче, но не дозволувајте тоа да се случи. На Вашето куче му е потребно секојдневни прошетки, играње, внимание, тоа не може да сфати дека сега покрај новиот член малку работите може да се сменат.
Особено е важно да ги правите истите работи со Вашето куче и бебе, на пример прошетките да бидат заедно со бебето и кучето, да јадат во исто време и да си играте со нив во исто време. Ако кучето примети дека му посветувате внимание додека бебето спие, тоа може да го збуни и прилагодувањето може да биде отежнето.
6. Учете го бебето да ги почитува границите на кучето
Како што кучето мора да ги знае границите како да се однесува со бебето, истото важи и од другата страна бидејќи почитта мора да се заслужи! Затоа е важно уште додека бебето е мало да го научите како треба да се однесува со кучето за да имаат безбедна игра. 
Исто како што би го дружеле вашето бебе со други деца, членови на семејството и нови луѓе, важно е да го дружите со вашите миленици. Не дозволувајте вашето новороденче да го влече за опашката или ушите, а како што стареат, не дозволувајте бебето да се качува на кучето или да го следи во неговото креветче. Кучињата се навистина толерантни кога се работи за деца, но тоа не значи дека може да се помине и секоја граница. Затоа научи го бебето како и пријателите кои имаат деца како треба да се постават кон Вашето куче со цел да се избегре стрес како и повреди. Ако Вашето куче покажува знаци на стрес додека си игра со бебето како на пример: брзо дишење, лижење на носот и устата или да се трга и гледа на страна- тогаш најдобро е да ги одвоите.

Да ги научите децата да го почитуваат семејното куче е една од првите и најважни работи што можете да ги направите

за да поттикнете доживотна почит и кон животните и кон луѓето.

 

7. Ќе биде потребно време за кучето и детето да оформат своја врска, па затоа дајте им го времето кое им е потребно

Сигурно сте ја слушнале реченицата- нема поискрена љубов од онаа помеѓу децата и кучињата! И тоа е навистина така! Додека Вашето бебе е мало поголемиот дел од интеракцијата ќе биде еднострана, но како што Вашето бебе старее, важно е да му дадете можности да создаде врска со вашето куче. Може да започнете со давање на грицки, близок контакт, споделување на играчки и слично. Давање време и можности за поврзување на Вашето бебе и куче може да биде моќна алатка за подобри интеракции на долг рок!

Ако ги следите овие чекори може да бидете сигурни дека Вашето бебе ќе има најдобар пријател со кого ќе расте и нема да може да го замисли денот без кучето покрај него! Зошто љубовта која тие ни ја даваат не може да се спореди со ништо друго на светот <3