Со големо задоволство сакаме да Ве поканиме на претстојниот евент: „FIFI FASHION – Ревија на плетени уникатни џемпери за секое крзнено милениче“, кој по повод роденденот на ФиФи @fifi.mini.maltese ќе се одржи во Луна Пет, во сабота, 25.11.2023 година од 11.00-14.00 ч.
Задоволството ќе биде уште поголемо, бидејќи на овој евент со нас ќе биде и @petfoto.makedonija, кој ќе се погрижи да имате прекрасни и професионални слики од Вашите миленичиња во прекрасните модели на FIFI FASHION.
Младата и талентирана модна креаторка за миленици, Симона Андоноска, благодарение на својата имагинативност, талентираност и секако, огромната љубов кон крзнените пријателчиња, се надмина себе си во новата колекција за миленици есен-зима. Со прекрасен избор на бои, висококвалитетни материјали, разни дополнителни декорации, инспирирана од нејзината Фифи, таа создаде една извонредна и уникатна палета на џемперчиња за нашите миленици.
Фифи, нека ти е најсреќен роденденот и продолжи и понатаму да бидеш инспирација за создавање на уште многу модели за миленици на модната креаторка Симона.