Секој месец Јануари означува почеток на годината и е исполнет со многу прослави, дружби и настани. Но, исто така месец Јануари е ладен и ние повеќе време поминуваме дома, истото значи и за нашите миленици најчесто. Дали сте знаеле дека Јануари е месец на “Шетање на кучето”? Еве сега знаеш, ама знаеш и зошто!
Најчесто читаме информации зошто е важно да ги шетаме нашите кучиња, но речиси никој не кажува зошто е толку лошо доколку не ги шетаме редовно. Дали една кратка прошетка е доволна? Дали некој може да ни каже колку време и дали е доволно за моето куче?
Дали е океј ако не го шетам моето куче?
Често сме го сретнале мислењето дека ако некое куче живее во двор, тогаш нема потреба од дневна прошетка бидејќи е активно и е на свеж воздух постојано. Исто така сме слушнале дека некои раси (најчесто малите кучиња до 2-3 кг) немаат потреба од физичка активност зошто ќе им биде ладно и затоа е подобро да се мочкаат на пелена во домот.
За жал, ни едно од овие две мислења не се точни.
Кучињата имаат потреба од дневна физичка активност, да остават свој белег како и да душнат останати белези, да посетат некое ново место, да дознаат информации и да комуницираат со нивните пријатели- кучињата. Тие се социјални животни и на нив им е потребно да се социјализираат со “нивниот вид”. Во однос на второто мислење, не постои раса која е само за домашни услови. Без разлика на тежината, расата, возраста или полот, на крајот од денот тоа е куче и сите имаат своја потреба. Исто како што сите имаат потреба од храна, вода, сон и слично. Затоа без разлика какво куче имаш, на сите им е потребна дневна физичка активност.
Исто така, дали знаеш дека голем број на проблеми (физички и социјални) на твоето куче се решаваат со дневна прошетка? Треба да знаеме дека некогаш кучето покажува “лошо однесување” бидејќи не може да ги исполни своите секојдневни потреби и затоа протестира! Исто како коа ние не може да направиме некоја потреба, бараме начин да ја оствариме, така функционираат и тие.
Што ќе се случи ако не го шетам моето куче?
- Агресија кон кучиња и луѓе
- Страв од луѓе и кучиња
- Гласно и непрекинато лаење
- Страв од сообраќај, од градски метеж и улици
- Забораваат како да комуницираат со својот вид
- Другите кучиња стануваат агресивни кон нив и не ги почитуваат
- Кучето не слуша наредби и губи фокус
- Стануваат хиперактивни
- Стануваат деструктивни во домот, гризаат предмети и расфрлаат играчки
- Какаат или мочкаат на софа или теписи
- Развиваат анксиозност
- Може да развират депресија, да спијат многу саати што понатака може да се развие во болест и проблеми со зглобовите.
Во секој случај, животот на твоето куче се скратува, а тоа не го сакаме во ниеден случај! Затоа се надеваме дека ова те поттикна да не ги забораваш дневните прошетки, кои исто така се добри и за твоето здравје!
На пример денеска може да пешачите до твоето омилено кафуле, да го посетите Вашето омилено место или да се сретнете со Вашите пријатели.
Сподели го овој блог пост со твоите пријатели и покани ги на прошетка во овој студен Јануари! 😊