Зошто моето куче јаде трева?

Кога се работи за нашите домашни миленици- кучиња, речиси никогаш не ни паѓа на памет дека тие треба да јадат трева. И кога тоа ќе се случи, уште па потоа и кога ќе почне да повраќаат, нам не фаќа паника и не ни е јасно зошто кучето постапило така. Што ако кажеме дека некои кучиња сакаат да грицкаат трева, а во некои случаи таа им е навистина потребна?

Прво една важна тема која треба детално да ја дискутираме: кучињата не се месојадци (карнивори). Кучињата всушност се сештојади (omnivores) на кои во нивната исхрана им се потребни овошки, зеленчуци, билки и секако месо. Затоа некои кучиња може да грицкаат трева, дури има и случаеви каде им е навистина потребна и ја обожаваат.

Важна напомена: пред да донесете заклучок за било од која од следниве причини, најдобро е да биде во согласност со Вашиот ветеринар.

Ајде да видиме кои се најчестите причини зошто твоето куче може да јаде трева:

Вознемирен стомак и проблеми со варење

Ако твоето куче одеднаш почне да јаде трева, голема веројатност е дека има проблем со варење и има изедено нешто кое не му одговара. Тревата им помага полесно и побрзо да повратат, што значи дека ќе го извадат она кое им смета. Тоа е една одлична карактеристика која многу често може и живот да им спаси (на пример ако изедат нешто што не е за јадење или отров).

Зголемување на растителни влакна

На кучињата потребни им се растителни влакна за подобро да може да ја сварат храната, тие влакна природно се наоѓаат во голем број на овошја и зеленчуци. Доколку храната која кучето ја јаде нема доволна содржина на влакна, тогаш ќе се обиде да надокнади со јадење на трева. Сепак, јадење на преголема количина на трева може да предизвика запек.

Има недостаток на нутриенти

Ако твоето куче јаде храна која не е правилно балансирана според неговите потреби може да почне да јаде трева за да ја балансира храната. Ако во брзо време имаш сменето храна и твоето куче почнало да јаде трева, можеби изборот на храна не му е според неговите потреби.

Анксиозност

Иако анксиозноста е една од помодерните теми кај темите во нашето општество, важно е да се разбере дека и кучињата може да бидат анксиозни, па затоа бараат начин да се справат со ситуацијата, како начин на self-soothing.

Останати показатели на анксиозност кај кучињата може да бидат: деструктивно однесување, лигавење, уши вратени наназад или доле, лижење на носот и устата, бревтање, тресење, цимолење и слично.

Досадно им е и бараат внимание

Ако на твоето куче му е здодевно најчесто бара нешто да џвака или пак ако знаат дека со некое непредвидливо однесување ќе го привлечат твоето внимание, тогаш одма ќе пристапат кон тоа! 😊 Тоа може да се случи ако сте долго време во парк и сака да му посветиш повеќе внимание, јадењето на трева се смета како идеално решение!

 

Може да се најдат и повеќе причини на тоа зошто твоето куче јаде трева, но сепак најважно е да се консултирате со Вашиот ветеринар. Исто како што има и кучиња кои сакаат да јадат трева и тоа е исто така во ред.

Дали јадење на трева е безбедно за моето куче?

Да, генерално е во ред кучето да јаде трева. Но, во никој случај не се препорачува да се јаде трева која се наоѓа на јавна површина, покрај улица или во парк. Таа трева е полна со штетни хемикалии, издувни гасови и нечистотии кои може да предизвикаат здравствени проблеми. Затоа доколу твоето куче е љубител на трева, тогаш најдобро е да му обезбедиш мала саксија во Вашиот двор или дом.

Како да го спречам моето куче да јаде трева?

Доколку сметаш дека не треба твоето куче да јаде трева, може да пробаш со следните неколку совети. Ако е проблем до храната, може да пробаш друга храна или да зголемиш внес на растителни влакна. Ако се шетате покрај трева, пробај да го држиш на краток поводник и да не може да стигне до неа, како и активна дресура да се држи подалеку од тревата додека да помине таа фаза. Но, доколку не може да се справиш, тогаш најдобро е да побараш маска која е заштитена од напред за да не може да изеде ништо од земја.

Еден краток заклучок: твоето куче  може да јаде трева од здравствени причини па се до начин да се справи со досадата. Доколку тоа е однесување кое прв пат се случува, пробај да ги земеш во предвид горенаведените однесувања и да откриеш која причина се крие позади ова ненадејно однесување. Но, доколку тоа се случува постојано тогаш твоето куче ужива во грицкање на трева и време е да добие своја саксија дома со трева која е безбедна за јадење. Секако, пред да донесете било каков заклучок, секогаш препорачуваме да го контактирате Вашиот ветеринар.

До следно читање!

П.С. Имаш тема на која сакаш повеќе да зборуваме? Пиши ни и ние ќе се потрудиме да ја објасниме најдобро што можеме!