Искрено им благодариме на водителката Бисера и целата ТВ екипа на Канал 5 Телевизија @kanal5televizija на неодамнешната посета во Луна Пет и ја изразуваме нашата огромна радост што повторно бевме дел во најпопуларната утринска програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 Телевизија.
Снимањето помина со вистинско уживање, благодарение на високиот професионализам во работата, проткаен со огромната љубов кон животните на Бисера и членовите на ТВ екипа на Канал 5 Телевизија.
Темата за која разговаравме е домашните миленици во период на топлото време и летните горештини и нивата заштита од болви и крлежи. Се надеваме дека овие совети ќе ви бидат од голема полза за вашите крзнени пријателчиња да ги одржувате безбедни во текот на летната сезона.
Разговорот во прилогот, кој благодарение на ентузијазмот и професионалното работење на Бисера, од информативен, премина во едукативен карактер за сопствениците на домашните миленици, можете да го погледнете на следниот линк: