ПИНКОКРАФТС И САРА ВО ЛУНА ПЕТ

Промоција на ПИНКОКРАФТС и САРА, дегустација и подарок ѓерданче за милениче

сабота на 28 септември 2024

 

Мојот дедо, мојот учител!!! Колку многу можеме да научиме од нашите баби и дедовци и ако тоа да го споиме со љубовта кон нашите миленици, тогаш на нашата креативност и нема крај.

Ова е приказната за Сара и за почетоците на нејзиниот бренд ПИНКОКРАФТС, кој поради несекојдневноста, уникатноста и иновативноста, како и поради изборот на високо квалитетни материјали и извонредниот дизајн на производите, за многу кратко време стана многу популарен кај нас, а и пошироко:

„Како дете родено во занаетчиско семејство, правењето накит за мене беше секојдневие од најрана возраст. Дедо ми ме научи да правам сребрен накит со техниката филигран, кој од неодамна почнав да го комбинирам со волна. Самостојно ја изучив техниката суво филцање волна и така настана брендот Пинкокрафтс.

Но, покрај необичната комбинација на накит од филигран и волна, почнав да филцам и крзно од моето куче кое е од расата Лагото Ромањоло, па од неговото ишишано крзно првпат направив привезок кој личи на него. Оттука ми дојде идеја да правам привезоци и портрети на миленици според нивна фотографија комбинирајќи волна и нивно крзно по желба на сопственикот кои за кратко време станаа вистински хит.

Покрај тоа, изработувам и мини скулптури од домашни миленици, а имам изработено и куче малтезер во реална големина целосно од волна.“

Сара, ние ти се восхитуваме!!! Алфи секогаш нека ти биде инспирација за сета твоја креативност!!!

 

„Направи ѓерданче за твоето милениче.“ Да Ве видиме и Вас колку сте креативни?

Луна Пет обезбеди монисти во различна форма и боја. Целта е да имаме специјална интерактивна дружба со миленичињата и сами да им направиме ѓерданчиња, кои секако ќе бидат подарок од нас.

Секако и овој настан ќе биде збогатен со дегустација за нашите миленичиња.

Со душа Ве очекуваме Вас и Вашите миленичиња во Луна пет во сабота, на 28.09.2024 година од 11.00-14.00 часот.

САРА и ПИНКОКРАФТС

и

ТИМОТ НА ЛУНА ПЕТ