ДЕСПИНА, НАШИОТ ПЕТ ПСИХОЛОГ – ПСИХОЛОГИЈА ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ

И честитаме на Деспина за положениот курс за Пет психолог – Психологија за домашни миленици и ѝ посакуваме уште многу успеси на полето на благосостојбата на милениците.

Пет психологијата е гранка на науката која го проучува сложениот свет на емоциите, однесувањето, сознанието и менталните состојби на милениците. Денес, во модерното општество, неопходно е сопствениците да ги разберат емоционалните потреби на кучињата и како човечкиот контакт може да влијае на нивните чувства. Напредок во нашето разбирање за емоционалното и психолошкото здравје на нашите миленици, кучињата и мачките и нивната непоколеблива посветеност кон нас, сопствениците, несомнено доведува до подобар и поздрав живот на нашите сакани крзнени пријатели.

Како дел од Пет психологијата која ги проучува следните психолошки промени кај нашите миленици, куче и мачка, се:

  1. Емоции

Имено, кучињата и мачките се многу чувствителни, секојдневно доживуваат широк спектар на емоции: од радост, среќа и љубов, до жал, тага и страв. Согласно научните истражувања, тие можат да покажат емпатија, па дури и да страдаат од анксиозност, а наше е да ги препознаеме и разбереме овие емоции кај нив.

  1. Стрес

Домашните миленичиња можат да почувствуваат стрес од одредени ситуации, па затоа од големо значење е сопствениците да ја разберат оваа состојба која може да се јави кај нив. Стресот кај миленичињата може да се појави поради одредени парични, какви што се: одделување од мајката, прилагодување на нов дом, непозната и чудна околина, непознати и непредвидливи гласни звуци, средби со други кучиња и непознати лица. Како вообичаени индикации за стрес кај кучињата можат да се посочат: честото и гласно лаење, завивање, цимолење, но и треперења на телото, бегање и криење на темни места. Индикации  на стрес кај мачките се: избегнуваат интеракции со сопствениците, стануваат повлечени и бегаат и се кријат на темни места. Поради тоа, од суштинско значење е навременото препознавање на овие индикатори, со цел отстранување на сите притисоци кои им прават стрес и унапредување на нивната благосостојба.

  1. Интеракција на сопственикот со неговиот миленик

Постапките и однесувањето на сопственикот кон својот миленик е од клучно значење на неговиот емоционален статус. Позитивните интеракции, како што се: игра, нежност, допир и пријатен тон, ги зајакнуваат меѓусебните врски и ја подобруваат емоционалната благосостојба на милениците. Додека, пак, негативните интеракции, како што се казнување, заплашување со висок и непријатен тон, удирање, можат да предизвикаат вознемиреност и страв кај миленикот и  со тоа да ја ослабат приврзаноста помеѓу миленичето и неговиот сопственик и да наштетат на неговата емоционалната благосостојба.

Проблемите со однесувањата на нашите крзнени миленици бараат професионална помош која ќе понуди совети и упатства за справување со сложените прашања, па поради тоа Пет психологијата е од суштинско значење за разбирањето на нивното психолошко и емоционално здравје.

Одговорно  сопствеништво на миленик подразбира да ги почитуваме нивните емоции, да им обезбедиме безбедна средина, секојдневни пријатни интеракции, дружби, прошетки и социјализација. Никако не смееме да заборавиме дека нашиот миленик е член на нашето семејство и дека и тоа, како и другите членови од семејството, заслужува љубов и внимание.