ШТО ПРАВЕВМЕ ЛЕТОВО?

 

Ви текнува ли на нашата роденденска акција за донација на храна на шелтер центри во Македонија? Па објавивме, па вие дававте предлози, сменивте од 3 на 6, па вие одбравте, а ние со огромно задоволство дониравме.

Во оваа наша заедничка интеракција, беа одбрани: Happy Shelter, Лајка, Кане Корзо Надеж и Шепасти ентузијасти од Скопје, Viktor’s Ark од Велес и Анимал Лаверс од Струмицa.

Акцијата ни траеше цело лето. Бевме кај сите, ги посетивме нивните шелтер центри, се сретнавме со одговорните лица и си поигравме со кученцата. Ја видовме секојдневната борба со која се соочуваат одговорните лица да им обезбедат безбедна физичка и ментална средина, да ги задоволат нивните секојдневни основни потреби за храна и нега и тие шелтери да ги направат пријатно место за живот, сè додека не бидат посвоени и испратени во нов дом. Единствено што не им недостасува е љубов, бидејќи секаде каде што бевме, љубовта на одговорните лица кон кученцата се рефлектираше во нивните весели и размрдани опавчиња, нивните весели игри и очи полни со љубов, а тоа не може да се сокрие, нели??

Борбата, секако е тешка, трошоците се секојдневни, финансиите се скудни и секоја помош од било каков вид, ним, навистина им е потребна. Луна Пет секогаш ќе стои на страната на бездомните миленици и ќе се труди колку што може секогаш да помага. Знаеме дека нашата помош е мала во однос на нивните секојдневни потреби, но, сепак се трудиме и со огромна љубов ќе се трудиме и понатаму да помагаме.