Кога имагинацијата нема граници и кога миленикот се сака најмногу на светот, сѐ што е квалитетно и добро за нас, луѓето, секако ќе биде квалитетно и добро за милениците.
Ова е мотото на тимот за креација и производство на ултра популарниот и модерен бренд за миленици LIU JO PETS. Имено, во својата фабрика во Модена, Италија, од истите материјали со кои го креираат и произведуваат извонредниот бренд за луѓе LIU JO, LIU JO PETS ги создаваат прекрасните дизајнерски парчиња, но, овој пат наменети за нашите крзнени пријателчиња.
Честа, радоста и задоволството ни беа огромни, бидејќи дел од тимот на Луна Пет директно ја посети нивната фабриката во Модена, каде тимот на LIU JO PETS ги запозна со нивниот процес на производство. Со прекрасни импресии се уверивме во извонредната палета на висококвалитетните материјали, прекрасниот избор на дезени и бои и разновидните декорации кои ги следат моменталните светски трендови во модната индустрија за луѓе, преточена во најразлични парчиња гардероба, накит и акцесории наменети за нашите миленици. А за колекцијата наменета за хигиена на нашите миленици, која цело време ни ги дразнеше сетилата за мирис, не можеме ниту да го опишеме задоволството. Таа треба да се помириса и да се доживее.
Горди сме што дел од производите на LIU JO PETS ги донесовме во Луна Пет и што можеме и Вас да Ве увериме во овој прекрасен и извонреден бренд за нашите крзнени пријателчиња, кучиња и мачиња.