Кога треба да одбереш најдобар од најдобрите цртежи на дечиња со нивните миленичиња е навистина многу тешка задача, бидејќи тоа не е само „обичен“ цртеж, туку тамо е нацртана сета нивна љубов кон нивниот миленик.
Кога толку многу го сакаме нашиот миленик, само треба да помислиме на него и веќе „пред очи“ ни стои неговата слика. Токму така, реално, со мили очи и една нежна насмевка својот миленик го нацрта Дарија и ги освои нашите срца и првото место на IV детски ликовен конкурс: Нацртај го твојот „pet“ за одличен 5, на тема: „Моето најубаво милениче“.
Дарија, ти честитаме за извонредно реално нацртаниот миленик и слободно можеме да те вброиме во категоријата на сликари – реалисти.
Нашите срца се полни со љубов и среќа поради детскиот интерес за овој ликовен конкурс водени од љубовта кон своите крзнени пријателчиња и сѐ додека имаме вакви прекрасни талентирани и креативни деца, кои ќе пораснат во извонредни личности со огромна емпатија кон милениците и животните, секогаш ќе ги подржуваме и најгласно ќе ги фалиме.
Едно голем БРАВО за сите учесници!