Да се одбере правиот производ за твоето куче може да биде збунувачки, тоа го разбираме целосно! Затоа решивме да споделиме по некоја тајна од нашето долгогодишно искуство со голем број на раси на кучиња и да го поедноставиме прашањето: Што е најдобро за моето куче?
Ајде да видиме кои производи се најбарани за расата вести териер!
- Шампон за бело крзно
Препознатливи по своето светло и сјајно крзно во бела боја, затоа секогаш се препорачува шампон за бело крзно. Добро е да знаете дека овие кучиња имаат чувствителна кожа и затоа при бирање на козметика секогаш погледнете ги состојките дали се природни или органски, бидејќи лесно може да добијат иритација или црвенило на кожа ако шампонот не е соодветен за нив или некоја состојка им смета. Шампонот за бело крзно ќе помогне во одржување на белата боја и ќе го задржи сјајот на влакното, а доколку сакате крзното и кожата да бидат хидрирани, секогаш може да додадете и кондиционер после бањањето (што ќе помогне и за полесно расчешлување).
Предлог производ од тимот на Луна Пет: Organissme Шампон за бело крзно (White Coat)
- Интерактивни играчки
Вести териер е многу активно куче, секогаш спремно за авантура или прошетка бидејќи буквално никогаш не се уморува! И тоа само прошетка не е доволна, тие сакаат да ги “извалкаат шепите” и да душнат се што ќе им се најде на патот. Но, не секогаш ние може да одвоиме доволно време за активна прошетка, па затоа ги имаме играчките за дома. Наша препорака е да одберете интерактивна играчка која ќе ги натера да работат и да може да и се посветат подолго време. Тие по природа се ловци на глувци и спаѓаат во кучиња кои се работна раса (working dogs), па затоа ние треба да им го одржуваме тој инстинкт.
Наша препорака се играчки за душкање во кои може да скриете грицки каде ќе му треба долго време да открие каде се наоѓаат и да се осигура дека се е изедено 😊
Предлог производ од Луна Пет: Тепихче за душкање желка Morgano
- Квалитетен градник
Кажавме дека оваа раса е супер активна, нели? Ако и ти си љубител на активности надвор од домот, тогаш секогаш ќе имаш друштво каде и да одиш. Исто како што на нас ни е потребна опрема за спортски активности, така и на кучето му е потребен добар и квалитетен градник. Секогаш градникот треба убаво “да легне” на телото на кучето, да не го кочи движењето и да не ја иритира кожата, затоа најдобро е секој градник да се проба пред да се купи. Ама од наше искуство, Divo градниците идеално пасуваат на телото на вести териер и се одлична поддршка за секоја активност без разлика дали се работи за прошетка низ населба или пак качување на планина. Градникот им дава добра поддршка со тоа што правилно ја дистрибуира силата на влечење низ целиот граден кош и го намалува ризикот на повреда на вратот и душникот.
Предлог производ од Луна Пет: Градник Divo црвена
- Соодветна опрема за груминг
Оваа раса на кучиња има два слоја на крзно, горниот дел е долг и остар, додека долниот слој е мек и многу густ. Затоа да се најде правилна опрема за чешлање може да е предизвик, зошто тие воопшто не се љубители на чешлање ниту пак имаат нерви да седат мирни во едно место! Наша препорака е секогаш да започнете со стандардна сликер четка со тенки метални запци која добро го расчешлува горниот слој на крзно. Потоа продолжување со метален чешел кој го расчеткува и долниот слој, длабоко до кожата бидејќи таму многу лесно се заплеткува крзното. Доколку имате проблем со четкањето, секогаш може да користите спреј за расчешлување за да го олесни процесот на чешлање. За крај, награда е обавезно бидејќи тие сакаат да бидат наградени за нивниот труд 😊
Предлог производ од Луна Пет: Четка + чешел (multi-purpose)
- Храна богата со протеини
За таа енергија да се одржи во текот на денот, од огромна важност е квалитетната исхрана! Храна богата со протеин од квалитетно потекло, многу овошје и зеленчук како и сите соодветни суплементи за да се даде поддршка на целиот организам. Ова куче постојано е активно и така успева да потроши многу калории во текот на денот, па затоа наша работа е да дадеме “гориво” на таа енергија. Наша препорака е да ја погледнете етикетата на храната и да погледнете кој е изворот на протеин (мора да е животнинско потекло), дали има доволно масти и јаглехидрати, и кој е изворот на сите состојки. Дополнително, рибата е од огромна важност за оваа раса бидејки Омега 3 помага за здрава кожа и крзно (често се склони на алергии). И секако, истото важи и кога бираме награди, повеќе чист состав и разновидност.
Предлог производ од Луна Пет: Orijen Tundra
Се надеваме дека овие предлог производи ќе Ви бидат од помош 😊 Ова се некои најчести производи кои ги бараат сопствениците на вести териер па ние одвоивме време да ги сумираме и да напишеме зошто е тоа така. Сега на забавен начин може да научиме повеќе за секоја раса и да направиме подобар избор за нашите миленичиња.
Дали ти имаш вести териер? Ајде пиши ни во коментар дали се согласуваш со нашите препораки и што би додале на овој список?
До следно читање <3
*Ова се генерални насоки за кучињата од оваа раса и не значи дека сите производи може да се соодветни за твоето куче. Секогаш барај консултација и препораки според индувидуалните потреби за твоето милениче 🙂