Ако се одлучи за земеш ново кутре, честитки и добре ни дојде во клубот 😊
Сигурно веќе имаш нешто прочитано, многу информации кои можеби и те збуниле повеќе ама затоа ние сме тука со финален список кој е тука да ти помогне да се организираш во првите денови. Важно е да знаеш дека треба полека да го спремиш домот за да го пречекаш новиот член од фамилијата за да ти биде полесно, малите кутриња бараат многу внимание и нега на почеток и нема да имаш време да купуваш опрема.
Ајде да ги наброиме 10-те најважни производи за мало кутре:
- Шампон за мало кутре
Малите кутриња често се валкаат додека спијат, јадат, си играат и едноставно уште се запознаваат сами себе. Иако се навистина слатки, знаат да се испрљаат и затоа ќе треба евентуално да ги избањаме. Додека твоето кутре не порасне над 1 година, секогаш треба да бидаш шампон за мали кутре бидејќи имаат внимателно одбрани состојќи кои се нежни кон кожата и крзното.
Наша препорака: Biogance Plouf Puppy шампон за мали кутриња со праска
- Памперс (пелени)
Додека твоето кутре не ги прими првите три вакцини (нешто над 3 месеци возраст) не се препорачува да го изнесуваш надвор на прошетка па дури ни да се учите за вршење на хигиенските навики. Затоа за почеток ќе ти бидат потребни пелени кој ги поставуваш во твојот дом и полека го учиш твоето кутре да оди да се мочка таму. Штом ги имате примено трите вакцини, полека ќе започнете со балансирање помеѓу прошетки надвор и пелена дома.
Наша препорака: Croci Памперс со лепенки
- Награди за дресура
Штом твоето кутре дојде во домот, започнува со процес на учење и дресура на правилни навики. Најдобар начин за да го поттикнеш твоето куче побрзо да учи е со добри и вкусни награди кои твоето кутре ќе ги обожава и ќе направи се за да дојде до нив! Од место за мочкање, правење здраво па се до најмали ситници- овие награди ќе бидат важен дел од Вашето секојдневие. Одбери многу мали награди бидејќи сепак тие не смеат да го заменат оброкот или пак да не сакаат да јадат храна.
Наша препорака: Antos Micro тренер микс награди
- Гумена играчка
Сите мали кутриња сакаат играчки, па затоа наша работа е да одбереме тип на играчки кои ќе бидат забавни ама и ќе им помогнат во процесот на растење и менување. Одлична идеа се сите оние играчки кои имаат гумен дел со нерамнини и да може да ги гризаат за да им помогнат при процесот со чешање на непцата и менување на запчињата. Свирка е секогаш добра идеа!
Наша препорака: Играчка Iraja puppy
- Храна со протеини
Квалитетна храна е еден од најважните аспекти за време на раст и развој на малите кутриња. Секогаш провери дали храната е комплетна, дали содржи состојќи од природен извор и доволно протеини зошто тие се од огромна важност за тие правилно да растат, да се развиваат и да ја имаат цела енергија која им е многу потребна.
Наша препорака: Храна за мали кутриња Orijen Puppy
- Садови за вода и храна
Ова е опрема која може да ја купиш еднаш и да нема потреба да ја смениш долго време. Затоа наш совет е да одбереш правилно и квалитетно, бидејќи го купуваш еднаш. Важно е да се направени од квалитетен материјал, да се лесни за чистење и да се соодветна големина за твоето кутре и кога ќе порасне.
Наша препорака: Hunter Lund керамички сад за јадење сив
- Кревет за спиење
Можеби ќе се одлучиш твоето кутре да спие со тебе, ама тоа не значи дека не треба да си има свое место (катче) во домот каде ќе може да се одмори, да ги крие наградите или пак да си игра со неговите играчки. Затоа е важно да си имаат нивно креветче кое би им било таман дури и кога ќе пораснат. Одбери квалитетен материјал кој е лесен за одржување и идеално ќе се вклопи во твојот дом.
Наша препорака: Flamingo Krems кревет бел
- Околувратник
Како што веќе напоменавме, малите кутриња не треба да ги шетаме пред 3 месеци, ама тоа не значи дека не може да им одбереме и некое слатко ремче за околуврат за да почнеме полека да ги навикнуваме. Секогаш треба да одбереш мало и тенко ремче кое е направено од нежен материјал за да не им смета. Имај на ум дека каков модел и да одбереш, твоето кутре ќе го порасне и за многу брзо време ќе му биде мало.
Наша препорака: Ремче Tripoli портокалово
9. Стартер сет за миење заби
Можеби сега ќе помислиш дека нема зошто да миеме запчиња кога веќе ќе ги сменат, ама не се работи тука за тоа. Важно е да се започне со четкање бидејќи ни е важно да се стекнеме со навика дека забите мора да се мијат. Тоа го правиме уште додека се мали, па затоа овој стартер сет од мек напрсток и паста за заби ќе биде одличен почеток.
Наша препорака: Petosan Стартер сет
- Мека четка
Кутрињата имаат многу нежна и чувствителна кожа и крзно, па затоа треба да одбереме четка која е соодветна за нив. Додека да се стекне навика за четкање, најдобро е да одбереме четка со меки влакна која ќе им биде пријатна и ќе сакаат да поминат некое време во чешлање во текот на денот. И секако, некоја награда после четкање не е воопшто лоша идеа 😊
Наша препорака: Груминг четка (extra soft)
Да се има нов член во домот може да биде возбудливо и збунувачко за сите членови во фамилијата, ама затоа ние сме тука со нашиот список да го олесниме овој процес. Се надеваме дека овој список ќе ти биде од помош и ќе ти олесни за прашањето што ти е потребно за твоето кутре и како правилно да избереш производи.
До следно читање <3