Како нашите миленици може да ни го подобрат менталното здравје?

Да се има милениче носи многу одговорности, ама и огромна радост ! Сите ние ги сакаме нашите миленици и ги сметаме за членови на нашата фамилија, но дали некогаш сте се запрашале како тие ни влијаат на нашето ментално здравје и расположение? 

Интересен факт е дека со самото чување на миленици ни се подобрува менталното здравје, ни помага да стекнеме нови пријатели, не расположува, не поттикнува да одиме на прошетка и уште многу предности за кои може да им бидеме благодарни. 

Доколку и ти имаш милениче, тогаш знаеш колку тие имаат удел во нашата среќа и расположение на дневно ниво, дури и во денови кога не се чувствуваме добро ментално, па дури и физички. 

Прва и најважна работа е дека нашите миленици ни помагаат да ја надминеме анксиозноста, депресијата и чувството на осаменост. Благодарение на нив, ние никогаш не сме сами и секогаш имаме пријател со кој може да одиме на прошетка и да ги ослободиме мислите и чувствата. 

Исто така, доколку во денот поминеш барем половина час во игра со твоето куче кај нас се покачува нивото на окситоцин и допамин- едни од најважните хормони за среќа, исполнетост и позитивни емоции. 

Исто така нашите миленици може бидат од огромна помош на повозрасни лица, односно не одржуваат здрави, витални и со помалку стрес. 

Значи да се има милениче има огромен број на придобивки за нашето здравје, а тука не ја ни броиме љубовта која секојдневно ја добиваме од нив. Но, ајде да ги одвоиме најважните начини на тоа како нашите миленици ни го подобруваат нашето ментално здравје: 

  1. Ни помагаат да го намалиме стресот од работа – Сите сме свесни дека работата понекогаш може да ни предизвика стрес и е навистина тешко тој стрес да не го донесеме дома кај нашата фамилија или кај децата. Но, кратка прошетка или игра со твоето милениче може да ти помогне да се смириш и да ги ослободиш негативните мисли. 
  2. Милениците може да ни помогнат за нашата продуктивност – можеби имаш забележано дека на се поголем број работни места дозволено е да го земеш и твоето милениче со тебе. Во тој ден, работната атмосфера е повесела, а вработените успеале многу полесно да ги завршат нивните работни задачи. А тоа значи дека милениче за колега е win-win за сите страни! 
  3. Милениците ни помагаат подобро да се справиме со анксиозноста – сите знаеме дека во денешно време е многу тешко да се помине еден ден, а некои денови се многу потешки за разлика од други. Многу работа, обврски, задачи и уште многу работи кои ни даваат чувство дека денот е краток и со тоа нашата анксиозност се повеќе расте. Затоа тука се нашите миленици во тие моменти да ни дадат поддршка со самиот факт дека се тука за нас или пак со кратка прошетка. 
  4. Тие ни помагаат да бидеме здрави и витални – благодарение на нив, ние имаме причина плус да излеземе надвор и да се прошетаме на воздух. Да имаш милениче значи дека никогаш не сме сами и може да се прошетаме на место кое ќе не релаксира и барем на кратко ќе заборавиме на се. 
  5. Милениците ни прават друштво – без разлика каде си, низ што поминуваш или пак како се чувствуваат, ако имаш милениче тоа значи дека никогаш нема да бидеш сам/а. Секој пат кога ќе го видиш твоето милениче одма ти поттикнува чувство на среќа и поддршка, па затоа ни е полесно да го надминеме секој проблем. 

Затоа ние топло ти препорачуваме да ги искористиш сончевите денови кои ни доаѓаат и да поминеш малку време со твоето милениче. Тие се нашите најдобри пријатели со кои секој проблем е полесен да се надмине <3