И ЛУНА ПЕТ Е ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА НА ЗОО-СКОПЈЕ: „КУПИ КАРТИ СЕГА – ИСКОРИСТИ ГИ ДО 01.06“
Кога и да имаме прилика да се дружиме со животинчињата во ЗОО-Скопје, денот веднаш ни е многу, многу поубав. Тамо ни се врзани спомените од нашето најрано детство и љубовта и радоста кога ја посетуваме нашата Зоолошка Градина, без разлика колку години имаме, никогаш, ниту се намалува, нити престанува.
Овој пат, во пресрет на пролетта и пролетните чистења, дел од екипата на Луна Пет ги посети нашите пријатели од ЗОО-Скопје и донираше пакети производи кои ќе им помогнат околу одржувањето на хигиената во кафезите. На проверка дојде нивниот папагал и штом тој не одобри, можевме и кафе да се напиеме заедно со Тина и целата екипата од ЗОО-Скопје, на кои сме им најискрено благодарни за нивниот топол дочек.
Секако, Луна Пет како општествена одговорна компанија, со голема возбуда беше дел од нивната зимска кампања „Купи карти сега – искористи ги до 01.06“ и никако не можевме да си заминеме без да купиме карти.
А потем картите за посета на Зоолошката Градина-Скопје, со голема радост ги подаривме на нашите најмали и најмили, на сите дечиња од групата „Зајачиња“ кои се на возраст 5-6 години од Јавна установа за деца Детска градинка БУБА МАРА, објект Сонце од Аеродром, со најискрени желби да си поминат најубаво, како впрочем и секогаш.
ЗОО Скопје – Ви благодариме на дружбата и ние секогаш си поминуваме прекрасно кога сме во нашата зоолошка градина.
До следната дружба!!! <3