Упатуваме голема благодарност до Давид и Кози Млеко Планина, што ни овозможи едно неверојатно искуство.
Текстот во целост е преземен од фб страницата на Кози Млеко Планина:
„Минатава недела се дружевме со Ангела Ковачева, таа студира ветерина во Будимпешта на која и беше потребна пракса и треба да ја приложи активноста и стекнатото искуство и знаење.
Вистински уживав во дружбата, едноставно неможе поинаку со некој кој обожава животни и им го посветува својот живот.
Во шталата им дававме да јадат, се грижевме за хигиена на вимињата и дезинфекција на системот за молзење, средивме некоја козја бубулица и некое копито, потоа Анѓела комотно ни ги покажа своите фризерски вештини за што најблагодарна е Марица 🙂
На прошетките со козите се запозна со богатиот биодиверзитет на Раштак и слободниот нарав на козите и јарињата.
Се надеваме дека твојата акција ќе охрабри и некој студент од Скопје.
Ти посакуваме добро здравје и голем успех во животот.“