BANDANA FASHION BAZAR со Александра и Нала – Nalla The Pittie во Луна Пет во сабота, на 08.10.2022 од 12.00 до 15.00 ч.

Со огромно задоволство сакаме да Ве поканиме Вас и Вашите миленичиња на BANDANA FASHION BAZAR во сабота, на 08.10.2022 година од 12.00 до 15.00 ч. во Луна пет, на едно незаборавно дружење со модната креаторка на бандани, марами за миленици, Александра, чии креации NallaThe Pittie  се веќе многу добро познати и препознатливи кај нас.

Палетата на нејзините бандани, марами, наменети за нашите миленичиња, кучињата, е бесконечна: избилство на бои и нијанси, високо квалитетни и најразлични видови на материјали, извонредни детали вплотени во Новата есенска колекција, Колекција за Halloween, Свадбена колекција, Колекција на Urban Pets и уште многу, мнооогу други модели, кои сите едвај чекаме да ги видиме и се разбира да им ги пробаме на нашите крзнени пријателчиња.

Доколку сте и Вие еден од нив, не чекајте, ние ќе Ве чекаме во сабота, и тоа со големо нетрпение.

Александра и Нала – Nalla The Pittie 

и

Тимот на ЛУНА ПЕТ