ДОБРЕДОЈДОВТЕ 19 ПРАСЕНЦА

На ветеринарната клиника при Факултетот за ветеринарна медицина во Будимпешта, Ангела Ковачева помогна да се донесат на свет 19 прасенца.

Како што вели таа: „Да се земат в раце мали, тукушто родени прасенца, а пак ти самиот да асистираш при нивното раѓање, е несекојдневно и дефинитивно незаборавно искуство, кое ти ги преплавува и најдлабоките чувства. Кога за прв пат ги земав в раце и ги погледнав, не забележав никаква разлика меѓу нив и тукушто родените мачиња, кучиња, а би додала и бебиња. Веднаш ти ги заробуваат чувствата, ти го одезмаат здивот, ти се ројат безброј мисли и те тераат да бидеш подобар човек.

Не може човек да биде рамнодушен, никако!“