Сите обожаваме сладолед или некоја ладна закуска ова лето! Кога надвор температурите се високи многу внимаваме на нашите миленици и бараме начин да ги разладиме, особено во периодот кога сонцето е силно и не може да излеземе на прошетка. Затоа ние Ви спремивме 7 рецепти на летни закуски кои кучињата ќе ги обожаваат ова лето!
Peanut Butter & Jelly-licious!
Потребни состојки:
- 4-5 јагоди(зависно од големината)
- 1 мало канче грчки јогурт 0%-2% масти
- 2-3 коцки мраз
- мала лажичка путер од кикирики
- кекси од ванила
Сите ја знаеме комбинацијата на peanut butter & jelly- сега и во dog’s edition! Стави ги сите состојки во блендер и мешај додека се направи хомогена смеса. Стави ја смесата во калапчиња . на крај искрши ги кексите и додај ги во смесата и декорирај со цели парчиња јагоди. остави ја во замрзнувач 2-3 часа.
If you like Piña colada!
Потребни состојки:
- 1 банана средна големина
- 120мл млеко од кокос
- малку вода
- мала лажичка кокосово масло
- неколку парчиња ананас
- кокос за декорација
Ако правиш сладолед, тогаш стави се во блендер и остави да се замрзне. Ако сакаш да наполниш KONG или силиконски модли тогаш испасирај ја бананата и исечкај го ананасот на ситни парчиња. Додај ги останатите состојки и измешај. Декорирај со кокос и овошје од горе и уживајте во омилениот коктел за ова лето!
For the love of chicken!
Потребни состојки:
- 150-200гр варено пилешко месо (без коски)
- мала чашка вода или пилешки бујон
- мала лажичка рибино масло
- зеленчук за декорација (грашак, пченка, боранија)
Во тенџере стави го месото и вода да се свари. водата тргни ја на страна. пилешкото месо подели го на мали парчиња и стави го во калапчињата. во водата каде се вареше месото додај го маслото и истури го во модлите. Декорирај со зеленчук и остави да се замрзне.
Аpple & blueberry refresh
Потребни состојки:
- 200мл пилешки бујон
- 20-30гр боровинки
- 1 јаболко
- малку нане за декорација
За овој рецепт ти се потребни силиконски модли. прво стави вода со пилешко месо без коски да се вари. Штом се свари, извади ја водата и тргни ја на страна да се олади. Исечкај го јаболкото на мали парчиња и стави го во силиконските модли, потоа додај ги боровинките, цели. на крај во модлата додај го пилешкиот бујон и остави ги во замрзнувач 2-3 часа.
Тutti frutti (paws edition)
Потребни состојки:
- 50-100гр шумско овошје (јагоди, боровинки, малини)
- малку лубеница без кора и семки
- 1 мало канче грчки јогурт 0% или 2% масти
- 2-3 коцки мраз
- мали кекси за декорација по желба
Многу брзо и едноставно- стави ги сите состојки и замрзни ги! Ако сакаш додади кекси за екстра крцкаво или нареди ги како cheesecake. во модли, kong или или lickmat- нема грешка со овој рецепт ова лето!
Paw-jito on my mind
Потребни состојки:
- неколку стапчиња пресувана кожа
- пилешки бујон
- малку манго (или јагоди за замена)
- путер од кикирики
- неколку ливчиња нане/ментол
За овој рецепт ти се потребни калапчиња за сладолед. најдоле стави по една лажичка путер од кикирики во секоe kaлапче. потоа додади 3/4 мали парчиња манго и нане и до крај дополни со пилешки бујон. остави да се смрзне малку и додај едно стапче пресувана кожа во средината. Рецептот е соодветен и како полнење за kong.
Healthy dog mum goals
Потребни состојки:
- 1 краставица средна големина
- грчки јогурт 0% или 2% масти
- 1 лажица мед
- 3-4 коцки мраз
- неколку ливчиња нане/ментол
- по желба неколку крукчиња краставица за декорација
Исечкај ја краставицата на помали делови,и остави малку за декорација на крај. Стави ги сите состојки во блендер и блендирај додека да направиш хомогена смеса. Подели ја во помали калапчиња, исто може и ја намачкаш на lick maт или истури ја во kong. На крај декорирај со неколку парчиња краставица.
Имајте убаво лето!