Миење заби на миленикот не треба да е „тепачка“ по дома, за сè има решение!
Чисти и здрави заби се основа на добро здравје, па затоа никако не смееме да ги заборавиме и да не ги чистиме редовно.
Клучот е во редовноста!
Ако редовно ги четкате забите на вашето милениче, куче или маче и почнете уште додека се мали, нема да имате проблем понатаму со четкање.
Ако ти треба помош и не знаеш од каде да почнеш, знаеш кого да прашаш!
Дојди во Луна Пет заедно со твоето милениче и заедно ќе се запознаеме со четка и паста за да знаеме како правилно се користат.
Евентот е во два дела:
Првиот беше на 19 август 2023,каде измивме многу, многу запчиња на кучиња и мачиња, поминавме цел ден во дружба со нашите миленичиња, од кои некои и не беа толку среќни додека им ги миевме запчињата и имаше многу, многу поклони и изненадувања.
Вториот дел го планираме кон крајот на септември, но навремено ќе ве известиме. Сите кои немаа можност да дојдат тогаш, сега ќе ги чекаме со огромно задоволство.