Во периодот од 03-04 декември 2024 година, во Скопје се одржа работилница под името „Паѓање, Издигнување, Водење – Преиспитување на успехот во женското лидерство и претприемништво (Fail, Raise, Lead – Rethinking Success in Women Leadership and Entrepreneurship) во организација на USAID, IESC, ХЕРА и ПИВАРА СКОПЈЕ, намената за млади жени претприемачки и/или лидерки до 34 годишна возраст, на која присуствуваше и м-р Деспина Ковачева Алексовска.
Како што вели таа: „Да бидеш во иста просторија со личности кои сакаат да споделат знаење и идеи е ретко и тешко да се најде. Привилегија е да се биде опкружен со млади жени со отворен ум и кои несебично се тука да споделат информации и да помогнат. Јас ја имав таа чест да бидам со нив цели 2 дена.
Идејата за одржувањето на оваа работилница беше да се сподели искуството со неуспехот и како да се справиме со него. Реалноста е дека сите се соочуваме со неуспех, но важно е да знаеш како да продолжиш потоа. Многу се важни реалните искуства кои можат да нѐ научат дека животот и кариерата не се прави линии и доколку сакаш да успееш во нешто, знај дека ќе наидеш на многу грешки и неуспеси на патот.
Како дел од организацијата беа и Пивара – Скопје, кои ни дадоа прилика да работиме на нивниот проект „Вештини на успех“ за едукација на млади (youth empowered) за која имаат веќе 27 годишна традиција, како и 8 години бесплатни обуки.
Ми беше огромна чест и задоволство и јас да учествувам на една ваква работилница. Доколку и ти си личност која сака да научи soft skills и вештини за бизнис, тогаш сигурно и тебе ќе ти се допадне.“