ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО „КУЈНАТА НА ЛУНА“ март 2019

Добредојдовте во „Кујната на Луна“, каде сѐ што се подготвува ги воодушевува сетилата за вкус на нашите крзнени пријателчиња, бидејќи e секогаш свежо и тазе, 100% домашно, без шеќери и без конзерванси и секако, одобрено од Агенција за храна и ветеринарство на РСМ, со Решение бр.: УП – 1 Бр. 17-669 од 26.03.2019 година

Во „Кујната на Луна“ рецептите се направени со помош на нутриционист за исхрана на миленици, поединечно се подготвуваат и рачно се обработуваат, без шеќери и конзерванси, со внимателно одбрани висококвалитетни состојки, тазе и свежо печени и ниту еден миленик не може да им одолее, бидејќи мирисаат како пецивата на баба.