ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО СОРАБОТКА СО ANIMA MUNDI – ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИ август 2016

На 06.08.2016 година во Скопскиот регион се случи временска непогода од невидени размери со катастрофални поплави, во кои не беа поштедени ниту домашните миленици, ниту бројните улични кучиња и мачки.

Во насока да им помогнеме на сите оние миленици и улични кучиња и мачки на кои им е неопходна храна и помош, Луна пет, во соработка со ANIMA MUNDI – Здружение за заштита на животни, организираше хуманитарна акција за собирање храна, наменета за кучиња и мачки од загрозениот скопски регион.

Благодарение на големиот број лица кои несебично дадоа придонес кон оваа акција и донираа голема количина храна за кучиња и мачки, хуманитарната акција се одвиваше во две етапи:  Прва донација на 11 .08.2016 и Втора донација на 19.08.2016 година.

Донациите се собираа во просториите на Луна пет, а сета донирана количина на храна за кучиња и мачки беше испорачана во загрозениот скопски регион од страна на претставниците на ANIMA MUNDI.

Искрено им благодариме на ANIMA MUNDI за извонредната соработка, но, сепак, не смееме да заборавиме дека најголемата заслуга ја имаат сите оние лица кои несебично дадоа придонес кон оваа акција.