НА КИНО ВО ГРАДСКИ ПАРК СО ЛАЈКА

На наше огромно задоволство бевме поканети да учествуваме на големиот хуманитарен настан за кучиња Отворено кино, кој се одржа на 05.06.2022 на Школка во Градски парк, Скопје, во организација на Лајка.

Едно ново искуство, прекрасно и многу необично за нас, каде неколку часа поминавме во дружба со нашите крзнени пријателчиња и заедно со нив, испоседнати на тревата, со пивце и грицки за нив, а за нас само вода и пуканки, заеднички ги следевме авантурите на кучето Стела од расата шарпланинец, во истоимениот македонски филм.

Браво за целиот тим на Лајка за извонредната организација и веруваме дека сите кои бевме тамо, прекрасно си го поминавме времето.