Ајде да се запознаеме со Цацко и Моника – дуо кое секогаш нѐ расположува, кога и да ги видиме:
- Ако треба да го препознаеш Цацко од останатите француски булдози, по што би го препознала?
🐶 По најмилите очиња и кривото увце.
- Кој беше одлучувачки фактор да земеш француски булдог како милениче?
🐶 Јас не сакав куче, туку само црн француски булдог. Иако премногу луѓе ме предомислуваа да не земам, јас едноставно повеќе од 10 години сакам баш црно френчи со мала и слатка фацичка.
- Дали ги планираш твоите секојдневни активности и работни обврски паралелно со обврските околу Цацко?
🐶 Ооо да. За викенди гледам да поминувам најмногу време со него, стануваме рано да шетаме и одиме во ресторани и локали кои се пет френдли. Неретко имам грижа на совест кога ќе излезам и ќе остане сам дома. Знам како звучи ова, ама јас секаде би го носела со мене доколку е возможно.
- Дали Цацко ужива во целото внимание кога шета со тебе?
🐶 Даа и тоа како! Терапија ми е шетањето со него. Кога шетаме од сабајле или за викенд, го пуштам без поводник, па затоа цело време внимавам на него. Не гледам во телефон, туку трчаме, по топче или стапче.
- Цацко беше со тебе на свадба. Што би препорачала на партнерите кои сакаат да го понесат своето куче на свадба со нив?
🐶 Дефинитивно да присуствува само на фотосесиијата, но не и на прославата. Уникатен детал или аутфит е, must!
Ти благодариме Моника што одвои време да ги одговориш овие прашања и што сега го знаеме Цацко малку подобро.
Секое френчи е различно, а сега гледаме и зошто 😍