ЛУНА ПЕТ НА ПОСЕТА ВО ЛАЈКА 21-ви ноември 2022

Овој пат на нашата кратка посета во Лајка беше Борис, член на тимот на Луна Пет кого сите добро го знаете, кој запозна другарче од кое едвај се одвои, а тоа право другарство од километар се познава. Борис, како и секогаш беше ептен занесен во играта со кученцата и многу тешко можеше да се одвои од нив.

Исто така, остваривме и средба со директорката Радмила Пешева и вработените во Лајка. Тема на дискусија беа хуманитараните активноси за бездомните кучиња кои се планираат за претстојните Новогодишни и Божиќни празници и како Луна Пет ќе може да допринесе околу тоа. Секако, дискусијата помина во многу топла и пријатна атмосфера, со многу разни идеи за сега и за  „потоа“, за кои искрено веруваме дека ќе бидат реализрани, на наше големо задоволство, а се надеваме и на кученцата.