Овој пат на нашата кратка посета во Лајка беше Борис, член на тимот на Луна Пет кого сите добро го знаете, кој запозна другарче од кое едвај се одвои, а тоа право другарство од километар се познава. Борис, како и секогаш беше ептен занесен во играта со кученцата и многу тешко можеше да се одвои од нив.
Исто така, остваривме и средба со директорката Радмила Пешева и вработените во Лајка. Тема на дискусија беа хуманитараните активноси за бездомните кучиња кои се планираат за претстојните Новогодишни и Божиќни празници и како Луна Пет ќе може да допринесе околу тоа. Секако, дискусијата помина во многу топла и пријатна атмосфера, со многу разни идеи за сега и за „потоа“, за кои искрено веруваме дека ќе бидат реализрани, на наше големо задоволство, а се надеваме и на кученцата.