Неодамна имавме задоволство да ја пречекаме неверојатната ТВ екипа на Канал 5 Телевизија @kanal5televizija со водителката Бисера во нашиот Луна Пет, со која разговаравме на 2 теми:
- Домашните миленици и летото, за топлото време и летните горештини, за повикот на морето и за тоа како нашите крзнени пријатели се толку многу храбри на овие зголемените температури и
- Милениците и новороденчињата
Не можеме, а да не ја изразиме нашата искрена благодарност до водителката Бисера и целата ТВ екипа на Канал 5 Телевизија, што ја избраа токму Луна Пет како позадина за нивниот летен сегмент за домашни миленици во најпопуларната утринска програма „Здраво Македонијо“на Канал 5 Телевизија. Бисера донесе неограничен ентузијазам и вистинска љубов кон животните, правејќи го денот вистинско уживање. Нејзината професионалност и харизма блеснаа, доловувајќи ја суштината на нашата продавница за крзнените придружници што ги обожуваме.
Снимањето помина многу брзо во топла, пријатна и весела атмосфера. Прилогот кој го снимивме со Бисера и извонредната екипа на Канал 5 Телевизија, не само што ги едуцираше сопствениците на домашни миленици, туку и ги стопли срцата на љубителите на миленичињата надалеку.
Уште еднаш, срдечна благодарност до Бисера и целата ТВ екипа на Канал 5 Телевизија што го осветлија нашиот Пет Шоп и споделија непроценливи информации за летната грижа за домашни миленици, како и за миленичињата и новороденчињата.
Се надеваме дека овие совети ќе ви бидат од голема полза за да ги одржувате вашите крзнени пријателчиња безбедни и удобни во текот на летната сезона и секако, да ги направите полесни и посреќни вашите први чекори со миленичињата и новороденчињата.