П О В И К ЗА III ЛИКОВЕН КОНКУРС Нацртај го твојот „pet“ за одличен 5

П О В И К

ЗА

 III ЛИКОВЕН КОНКУРС

 

Нацртај го твојот „pet“ за одличен 5

            По повод започнувањето на новата учебна година, Луна Пет по трет пат организира детски ликовен конкурс: Нацртај го твојот „pet“ за одличен 5, наменет за деца од предучилишна и училишна возраст, на тема:

 „Игра со моето милениче “

Кој има право да учествува?  Сите деца до 14 годишна возраст.

Што треба да направам? Да нацрташ и обоиш лист од блок број 5, каде со сета твоја мечта ќе ни го претставиш својот миленик: куче и/или маче.

Како ќе се знае дека е мој цртежот? На позадината на листот треба да стои:

  • за деца од предучилишна возраст: Име и презиме, година на раѓање, адреса, е-маил и телефон за контакт;
  • за ученици: Име и презиме, име на училиштето, одделение, адреса, е-маил и телефон за контакт.

 

Детските цртежи треба да се достават најдоцна до 28-ти ОКТОМВРИ на адреса:

Луна Пет Бул. 3-та македонска бригада бр. 43 Лок 9. Аеродром 1000 Скопје

Стручно Жири ќе одбере 5 најдобри цртежи од двете категории, а Луна Пет ќе им додели диплома на сите учесници и награди, т.е. вредносни ваучери и тоа: 2.000 денари за 1-во место, 1.500 денари за 2-ро место и 1.000 денари за 3-то место, кои ќе можат да ги истористат за миленикот во Луна Пет Шоп,

 на ден САБОТА 11-ри НОЕМВРИ 2022 год.

*Бидејќи Луна Пет е специјализирана продавница за кучиња и мачки, во конурсот ќе се разгледуваат цртежите на кои се претставени само кучиња и мачиња.

Сите цртежи ќе бидат поставени на веб страната на Луна Пет.

Сите информации можете да ги добiете на:

нашата веб странa:     https://lunapetshop.com.mk/

нашите телефонски броеви: 02 2455 233 и 070 209 773

и на е-маил:  lunapetcom@gmail.com

 

ДРАГИ ДЕЧИЊА,

СО ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО ОЧЕКУВАМЕ ДА ГИ ВИДИМЕ ВАШИТЕ МИЛЕНИЧИЊА НА ВАШИТЕ ПРЕКРАСНИ ЦРТЕЖИ!!!

ТИМОТ НА ЛУНА ПЕТ