M&M ХОТЕЛ ЗА МИЛЕНИЦИ ВО ЛУНА ПЕТ

Чест ни е што минатата сабота на гости ни беа нашите пријатели од M&M Хотел за миленици. Не само што си поминавме премногу убаво, туку и многу нови работи слушнавме и научивме од нив.

На пример, најдовме одговори на прашањата: Што со нашите миленичиња кога ќе одиме некаде на пат? Каде да ги оставиме? Кој ќе се грижи за нив? Дали ќе им биде добро?

Тајмингот ни беше многу погоден, бидејќи се ближат Новогодишните и Божикните празници, а секако и зимските одмори, што претставува голема грижа за сопствениците на миленици. И  ете, среќни сме што го најдовме најдоброто решение за нашите миленици, а секако и за нас. Сега ќе можеме мирно и спокојно да заминеме на пат, знаејќи дека тие се безбедни и многу добро згрижени.

Како што вели Мартина од M&M Хотел за миленици: „Ние од M&M Pets Hotel располагаме со отворен слободен концепт и тежнееме да сме втор дом за милениците. Целта е да имаме среќни опафчиња, а сопствениците да бидат спокојни кога не се со своите четириножни пријателчиња.“