HALLOWEEN ФОТОСЕСИЈА ВО ЛУНА ПЕТ

И така ние, да Ви се пофалиме, за прв пат во Луна Пет имавме Halloween фотосесија. И не можете да замислите колку многу убаво си поминавме. А како поинаку?

Денот ни беше многу „страшен“. Околу нас цел ден трчаа крзнени ѓаволи, дракули, вампири, пајаци, вештерки, а и нивните сопственици не беа рамнодушни, па и тие се маскираа. Сѐ на сѐ, еден поинаков, незаборавен, прекрасно поминат ден, со многу смеа до солзи.

Ви благодариме на сите кои бевте. Денот ни го направивте величествен!