НОВОГОДИШЕН BANDANA FASHION BAZAR СО АЛЕКСАНДРА И НАЛА – NallaThePittieShop 02.12.2023

На 02 декември  имавме голема чест во Луна Пет за прв пат на македонскиот пазар да ја промовираме новата новогодишна колекција на бандани за миленици од нашата модна креаторка на бандани, марами за миленици, Александра, чии креации NallaThePittieShop се веќе многу добро познати и препознатливи не само кај нас, туку ширум Европа и светот.

Во еден новогодишен амбиент, со прекрасен избор на новогодишни бандани, рачно и со многу љубов создадени од креаторката Александра, со многу позитивна енергија и многу модели кои на себе ги носеа банданите,  од кои, се разбира, топ модели беа Нала, Еџе и Кала, си поминавме еден навистина прекрасен ден, полн со дружба, радост и смеа.

Со големо нетрпение ќе очекуваме да видиме какви модели на бандани и акцесории за миленици, кучиња и мачиња, ќе создадат твоите вешти раце и креативен ум за пролетната колекција.

Александра, како и до сега, Нала нека ти биде вечна инспирација и  нека ти се множат уште многу промоции на нови колекции за нашите најсакани крзнени пријателчиња.

Упатуваме голема благодарност и до нашата специјална гостинка на евентот,  Мартина од М&М Хотел за миленици, која е секогаш тука несебично да ги згрижи Вашите миленици, додека Вие не сте дома.