ЕВА ГО НАЦРТА СВОЈОТ СОН ЗА „ОДЛИЧЕН 5“

Денес на гости во Луна Пет ни беше Ева, нашата мала талентирана уметничка, која својот сон да стане докторка по ветеринарна медицина и да ги лекува животните го пренесе на нејзиниот прекрасен цртеж, со кој учествуваше на III-иот детски ликовен конкурс: Нацртај го твојот „pet“ за одличен 5.

Нејзините вешти рачиња, предводени од креативниот ум, толку убаво ја нацртаа ветеринарната амбуланта, со сите нејзини карактеристики, но највпечатливи на цртежот се милениците, кои умно го чекаат својот ред за преглед кај ветеринарката.

БРАВО ЕВА!!! Не само што прекрасно црташ, туку што уште од градинка имаш сон, кога ќе пораснеш да станеш Докторка по ветеринарна медицина и да им помагаш не само на милениците, кучињата и мачињата, туку и на сите животни.

Ние можеме само од сѐ срце да ти посакаме да го следиш својот сон, бидејќи соновите се остваруваат, да знаеш.