Среќата и љубовта се за делење, особено на Валентајн, кога буквално љубовта е на секое ќоше и сите сме свесни колку е важно да ја имаме.
Не постои поискрена љубов од онаа на нашите крзнени другарчиња, па затоа цела наша љубов денеска ја посветуваме на сите кученца во Happy Shelter @happyshelterskopje.
Ни се стопли срцето што и Луна Пет беше дел од прославата и на некој начин придонесе и кученцата таму да се чувствуваат сакани, весели и безгрижни. Кујната на Луна на овој ден на љубовта направи многу опавчиња среќни. Ако среќата може да се измери, тогаш нека бидат стотина колачи и торта на три ката.
Како што велат од Happy Shelter: „Нивната среќа е сиот наш свет“, а и ние секогаш се придружуваме кон тоа.
Happy Valentines Day од нас до сите Вас!