Кај Ване Марковски во “Македонија Наутро” на МТВ1 со тема: Дали се потребни гробни места за домашните миленици?

Со огромно воодушевување ја примивме поканата од Ване Марковски, за учество во неговата утринска програма „Македонија Наутро“ на МТВ 1 на 06.02.20204 година, која впрочем е и најгледаната утринска емисија на македонските простори.

Воодушевувањето ни беше уште поголемо поради деликатната тема на која што говоревме, а тоа е: што по смртта на нашите миленици кои денес ги чувствуваме како дел од семејството. Како што имале достоен живот, така да имаат и достојна смрт.

Но, тоа во Македонија не е можно, од аспект што не постојат ниту гробишта, нити крематориум за миленици. За првото не можеме да разговараме од аспект што кај нас не постои Закон за погребување на миленици, па оттаму не постои можност да се отворат гробишта за миленици.

За крематориум за миленици има закон кој ни дозволува да ги спалуваме посмртните останки на нашите миленици, а со тоа на некој начин достојно да се збогуваме со нив и  да ги испратиме, но изградбата на истиот е многу скапа.

Сепак, надежта останува кај сите сопственици на миленици, дека ова горливо прашање ќе се реши. Што побрзо, тоа подобро.

А тука е и Ване, кој во неговата утринска програма „Македонија Наутро“ на МТВ 1 за прв пат јавно говореше на оваа тема и несебично ја понуди сета своја помош, па поради тоа неизмерно сме му благодарни.

Ване, од сè срце ти благодариме!