Дали некогаш твоето куче го растура ќебенцето, копа по креветот или бутка перници? Секогаш сме се прашувале зошто тие го прават тоа, па сега е време да ја разрешиме мистеријата!
Копањето на креветот е всушност инстинктивно однесување и со тоа на некој начин си го спремаат местото на спиење. Најчесто нема простор за паника и е навистина слатко!
Ајде да видиме што се крие позади ова необично однесување:
Без разлика дали кучето има свое креветче или спие заедно со тебе, сигурно до сега се случило да забележиш како копаат низ креветот или се вртат во круг пред да си легнат. Ова најчесто значи дека тие си наоѓаат удобно место за да си легнат, нешто слично како ние кога си поместуваме перниците и си го местиме јорганот. Кога ќе размислиме малку подобро, и ние ја правиме истата работа (само без делот со копањето 😊 ). Покрај тоа што е слатко, нивниот инстинкт е дека треба да го проверат местото пред спиење дали е мокро, дали има опасно животно или пак тврд предмет. Тоа однесување е забележано уште кај нивните предци пред се за да се заштитат. На пример, доколку надвор е ладно тие со копањето и вртењето во круг го загреваат местото. А кога времето е топло, најчесто со малку копање прават дупка и се кријат од сонцето.
Ако твоето милениче живее со тебе и спие во удобен кревет, нема потреба да внимава на опасни животни или пак да провери дали има камче, но тоа однесување сеуште останало со нив.
Покрај “местење на креветот” ајде да видиме зошто кучињата
ги копаат креветите:
Територијално однесување – ова е некој начин исто и за обележување на територија. Тие на нивните перничиња на шепите имаат свој мирис, и кога ќе копаат на некое место го обележуваат. Ова однесување оди заедно со вршење нужда надвор, па потоа копаат (ќе разговараме за ова некој нареден пат).
Правење легло – без разлика дали женките се стерилизирани или не, тие сепак имаат инстинкти да го заштитат местото и да проверат дали е безбедно за спиење, слично на мајчински инстинкт. Доколку твоето куче е скучно или имате ново легло во домот, ова е однесување кое ќе го прави постојано.
Бара внимание- понекогаш ако кучето драматично копа или расфрла предмети од креветот тоа значи дека сака да го привлече твоето внимание. Доколку ова однесување е заедно со цивкање и лаење додека те гледа во очи. Можеби сака да си играте или некоја грицка плус! 😊
Специфични раси- да, има некои раси на кучиња за кои има поголема веројатност да го прават овој мал ритуал постојано, како на пример: мали териери кои се наменети за лов и кај нив копањето е секојдневна активност.
Болка– во ретки случаеви, доколку кучето се обидува да го намести местото за спиење можеби има болка и на тој начин сака да го направи местото поудобно. Ова однесување може да се забележи кај кучиња кои страдаат од артритис, алерии или заздравуваат од повреда.
Стрес – Доколку кучето се наоѓа на нова непозната територија, има гласни звуци или пак има некоја промена во домот тие понекогаш се обидуваат да се справат со стресот со копање.
Досада – некои кучиња кога не се физички или ментално стимулирани им станува здодевно и бараат начин да ја потрошат вишокот на енергија. Копање може да е едно од нив, па затоа доколку имаш енергично куче добра идеа е да најдете некоја игра или забавна прошетка за потоа да може мирно да спие.
Дали е нормално кучињата да го копаат креветот?
Во голем дел од случаевите, да сосема е нормално кучињата да го копаат нивниот кревет или пак нашиот. Генерално тоа им потекнува од нивните инстинкти и доколку сето тоа е во нормални граници нема потреба од паника.
Како да го спречам копањето по кревет?
Како што споменавме погоре, копањето е нормална и инстинктивна активност за кучињата и најчесто нема потреба за корекција. Но, доколку тоа однесување е деструктивно или пак сакате да го ставите под контрола, има неколку идеи и примери кои може да ги примените за да ја пренасочите потребата за копање.
Пренасочете го копањето – доколку твоето куче има потреба за копање, тогаш најдобро би било да ја пренасочите таа активност на место кое би било дозволено. На пример: да му обезбедите кутија со песок или земја надвор и тренирајте го да знае дека таму копањето е дозволено, а на други места не е.
Ментална стимулација – Како што разговараме погоре, копањето може да е знак и на вишок на енергија. Запознај го твоето куче со играчки за ментална стимулација, слагалки или тепихче за душкање каде ќе треба да се потруди за да стигне до грицки. Овие активности не само што ги стимулираат туку и физички ги уморуваат.
Промена на креветот – доколку ни една од овие причини не одговара, тогаш можеби навистина креветот не му одговара на Вашето куче. Можеби материјалот го нервира или не е доволно удобен, па затоа е време да најдете креветче на кое подобро ќе може да се одмори!
Сега веќе може да кажеме дека знаеме како да се поставиме кога нашето куче ќе почне да го копа креветчето 😊 Доколку имаш некое друго прашање и те интересира одговорот на истото, пиши ни и ние ќе истражиме за тебе!