БОИМЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА СО ШЕПИ!

Уметничките настани носат толку многу позитивна енергија и зближуваат луѓе, миленичиња и деца на едно место. Таков беше и нашиот интерактивен настан, кој го одржавме на 20 април во пресрет на Велигденските празници, но, овој пат јајцата ги боеја нашите миленици со нивните шепи. Не се секирајте, не скршија ниту едно јајце (сите беа од стиропорJ).

Боевме, се забавувавме и многу се смеевме.

Сите сакаме настани кои ќе ни дадат малку позитива во денот, па затоа, ние сме тука.

Милениците се дел од нашата фамилија и е прекрасно да се види како сите заедно можеме да ги направиме овие празнични денови незаборавни.

Се надеваме дека овој настан ќе ни прерасне во традиција. Обоивме над 40 Велигденски јајца и си поминавме прекрасно. Ама рака на срце, главни ѕвезди на настанот беа нашите крзнени уметници.

До следен Arts & Crafts!