Љубовта кон животните како водилка за отворање мал бизнис, е честа појава, но, кога на тоа ќе се додаде и школување на ветеринарни студии, е тоа е веќе реткост.
Токму тоа, Тамара Мирческа, идна докторка по ветеринарна медицина, а воедно и модна креаторка на брендот Gala`s Giftshop за акцесории за миленци: куче и маче, е нашата гостинка на евентот во Луна Пет оваа Сабота.
Нејзината прва љубов, Гала и луѓето кои ги има запознаено благодарение на нејзиниот мил и палав темперамент, ја мотивираа Тамара да започне да ги креира своите неверојатно уникатни модели за миленици. Спојувајќи го она што го учи, со она што го сака, таа создаде палета од најразлични прекрасни и извонредни модели на бандани, штитници за уши, тепихчиња за душкање, сите специфични, уникатни и креирани со желба да им помогне на крзнените пријателчиња и нивните сопственици, не само од аспект на тренди и убаво, туку и од аспект на заштита и практичност.
Ден: Сабота, на 29.03.2024 година
Време: 11.00-14.30 часот
Локација: Луна Пет Шоп
Како и секогаш и овој пат ќе имаме дегустација за нашите миленици, многу музика и забава за сите. Но, нема да го изоставиме ниту нашиот креативен дел, Pets Art&Kraft, наменет исклучиво за креативностa на нашите миленици. Имено, нашите миленици својата уметничка креативност овој пат ќе ја искажат на канвас платно, секако лижејќи путер од кикирики од Be Healthy.
Нестрпливо Ве очекуваме со миленичињата!
Тимот на Луна Пет и Тамара со Гала и Gala`s Giftshop