Да се одбере правиот производ за твоето куче може да биде збунувачки, тоа го разбираме целосно! Затоа решивме да споделиме по некоја тајна од нашето долгогодишно искуство со голем број на раси на кучиња и да го поедноставиме прашањето: Што е најдобро за моето куче?
Ајде да видиме кои производи се најбарани за расата Француски Булдог!
1.Спреј за чистење на очи и лицe
Сите знаеме дека оваа раса има еден куп брчки и набори по лице и тоа се работи кои ја прават оваа раса неодолива! Ама исто така треба да знаеш ако имаш френчи тогаш лицето треба редовно да се чисти и да се одржува, особвено во деловите кај наборите и очите. Затоа ние препорачуваме нежен спреј со алое вера и природни состојки кои ќе ја одржуваат кожата чиста и хидрирана секој ден! Само напрскај од спрејот на чисто памукче и нежно помини го лицето на твоето куче, и најважно, користи две памукчиња за двете страни на лицето
Предлог производ од тимот на Луна Пет: Biogance Organissime лосион за чистење очи
2. Награди со риба
Доколку имаш френчи за милениче тогаш една од најважните работи кои треба да ги знаеш за нив е дека имаат навистина чувствителна кожа! А здравјето на кожата доаѓа од внатре и затоа е особено важно да внесеш риба (лосос, туна, бела риба) во секојдневната исхрана на твоето куче. Ние секогаш сме за што повеќе риба, а кај оваа раса тоа е особено важно! Наша препорака е да одбереш храна со риба од високо квалитетно потекло, но ако тоа е комплицирано за почеток тогаш може да започнеме и со некои вкусни награди со риба. Едни од најдобрите и вкусни награди се моно-протеинските меки награди на Oasy кои се 100% туна, хипоалергени и одобрени од многу миленичиња. Одличен начин да зголемиш внес на Омега 3 и Омега 6, веруваме дека и на твоето френчи ќе му станат новите омилени награди 😊
Предлог производ од Луна Пет: Oasy One protein меки награди со туна
3.Градник со поддршка
И уште една важна информација која можеби не сте ја знаеле за френчи, но поради фактот што имаат сплескано лице (без истакнат нос и уста) тие имаат проблеми со дишење. Затоа треба да избегнуваш опрема за шетање која му го спречува или отежнува дишењето (на пример метална давилка). Наша препорака е квалитетен градник кој дава целосна поддршка на градникот кош и не смета на дишните патишта. Оваа раса е средно активна и ужива на долги прошетки па затоа опрема за шетање е важен дел од опремата. Divo градникот е единствен градник кој се подесува на 5 места па така може да го подесиме според индивидуалните потреби само за твоето френчи!
Предлог производ од Луна Пет: Hunter Divo Up градник црн
4. Интерактивна играчка
За секоја раса која е полна со енергија најдобро е да најдеме играчка која би ги стимулирала нивните инстинкти и ќе им биде занимација додека сме на работа или пак условите не се соодветни за прошетка. Па за најпопуларната раса на куче следи и најпопуларната играчка за кучиња: KONG Classis! Играчка која е направена од издржлива гума со одлична форма за да може да си игра со часови. Уште подобро е што оваа играчка може да ја наполниш со награди или пак да намачкаш внатре грчки јогурт или путер од кикирики. Па така твоето куче ќе има огромна инсприрација да ја улови и успешно да извади што и да се крие внатре, а верувај тоа не е воопшто лесно!
Предлог производ од Луна Пет: KONG Classic Red играчка од полна гума
5. Ортопедски кревет
Сите ги знаеме бенефитите од користење на ортопедски производи за нас, па што ако ти кажам дека истото важи и за твоето милениче? Да се има ортопедски кревет за француски булдог е од огромна важност бидејќи како што напоменавме и погоре: тие се кучиња кои се енергични но со многу проблеми со здравјето. А, ние добро знаеме дека квалитетен сон е половина здравје. Ортопедските кревети се дизајнирани да ги поддржат зглобовите, коските и целото тело и се особено важни за возрасни и сениор кучиња. Оваа раса е склона кон дисплазија на колкови или артритис па затоа најдобро е уште додека се мали да им ја дадеме поддршката која им е потребна. Ова креветче ќе ја добие формата на телото на твоето куче и со тоа одморот и регенерацијата на коските е загарантирана!
Предлог производ од Луна Пет:Hunter Livingston ортопедски кревет за куче
Се надеваме дека овие предлог производи ќе Ви бидат од помош 😊 Ова се некои најчести производи кои ги бараат сопствениците на вести териер па ние одвоивме време да ги сумираме и да напишеме зошто е тоа така. Сега на забавен начин може да научиме повеќе за секоја раса и да направиме подобар избор за нашите миленичиња.
Дали ти имаш француски булдог? Ајде пиши ни во коментар дали се согласуваш со нашите препораки и што би додале на овој список?
До следно читање <3
*Ова се генерални насоки за кучињата од оваа раса и не значи дека сите производи може да се соодветни за твоето куче. Секогаш барај консултација и препораки според индувидуалните потреби за твоето милениче 🙂