Густа сликер четка (slicker brush)
220 ден – 390 ден
Сликер густа четка наменета за кучиња со долго и густо крзно како на пример: бишон, руски териер или шкотски овчар. Оваа четка е направена од ситни запци кои се благо накривени и со тоа не го гребат или иритираат крзното, а со тоа помага во расчеткување на крзното дури и на оние раси со секундарно влакно. Помага во расчеткување на крзното, расплеткување на примарното и секундарното крзно и ги отстранува мртвите и паднатите влакна.
Поради длабоките запци оваа четка успева да стигне длабоко во крзното и да ги расчешла дури и сите оние тутки кои се најдоле до кожата. Четката има гумена рачка која не дозволува да се лизне од Вашата рака.
Секогаш четкајте во насока на растење на влакното, прамен по прамен за да спречите оштетување на влакното. Ако користите повеќе четки (кај оние раси кои им е потребен чешел или фурминатор) секогаш почнувате од сликер густата четка и пред да продолжите со друга четка проверете дали кучето е добро исчешлано. После користење секогаш чистете ја четката детално, без да останат влакна или нечистотии помеѓу запците.
Оваа четка е достапна во повеќе големини, зависно од големината на кучето.