Ретривер поводник Solid Education црн

5.600 ден

Долгиот ретривер поводник SOLID EDUCATION е, како што е вообичаено со овој тип на производ е комбинација од полу-давилка која е споена со екстра долг поводник во едно. Овој поводник може да го користите за две намени: Едната е да го користите ако кучето знае да оди до нога со Вас и да се чувствува дека нема поводник, другата намена е ако сакате да имате повеќе контрола и тогаш добро ја местите полу-давилката за со мало движење да добиете одма контрола на кучето. Исто така ако Вашето куче оди на дресура, ова е аксесоарот кој многу ќе Ви биде од помош бидејќи кучето не може да се фати на грмушки, корени од дрвја или други препреки за време на тренирање на кукла, лов или агилност. Затоа, ризикот од повреда е минимален кога комбинацијата полу-давилка и поводник се користи правилно и решението „сè-во-едно“ е особено практично за сопственикот на кучето. Пријатно лесен ретривер поводник со добар стисок при сите временски услови е рачно изработен со љубов во фабриката HUNTER. Без разлика дали се работи за заоблување на рабовите, плетенка на дебелото кожено ременче или за шиење на плетените краеви – можете да ја видите изработката и грижата во сите детали на овој сеопфатен уред. Благодарение на специјален лизгач, јаката може индивидуално да се прилагоди на обемот на главата и вратот на вашето куче и се држи во саканата положба со кожен затворач.

Со SOLID EDUICATION ќе бидат среќни и нашите крзнени пријателчиња како и луѓето, тоа е ветување!

Забелешка: Нашата кожа се произведува што е можно понежно. Кај обоена кожа може да има мало обезбојување.

Димензии: 170cm