Сет мала торта & 5 макаронси

650 ден750 ден

Не постои подобра комбинација од нашите добро проверени торти во комбинација со неодоливите макаронси од Кујната на Луна! Ако твоето куче е обожавател на путер од кикирики, тогаш со сигурност знаеме дека оваа комбинација сигурно ќе му се допадне. Нашите торти се изработени од овесно брашно, сезонско овошје и 100% природен путер од кикирики специјално изработен од Be Healthy за Кујната на Луна, а топингот е комбинација од грчки јогурт, малку мед и бои без шеќери.

Додека пак нашите меки и сочни макаронски се исто така направени како тестото од тортите, но внатре се полни со омилениот путер од кикирики!

Дали знаеш дека и ти може да ги јадеш сите производи од Кујната на Луна? Од нас може да се почастиш и еден макаронс и ќе сфатиш зошто е омилен помеѓу сите кучиња <3

Овој пакет може да го нарачате со мала или голема торта. Во пакетот има и 5 макаронси на стапче.

  • Нашите рецепти се проверени и со дозвола од Агенцијата за Храна и Ветеринарство (АХВ)
  • За нарачка и резервација потребно е да се јавите два работни дена однапред на телефон 070 209 773
  • Пакетот се подигнува од дуќан и не може да се прати по карго.
Шифра: Не е достапно Категорија: Ознаки: , , ,