Мека четка со густо природно влакно

700 ден

Анти-статичка мека четка за кучиња која помага во одржување на чисто и сјајно крзно. Направена од густи и збиени влакна кои се нежни кон кожата на кучињата, дури и оние кои се најчувствителни. Со рачка која е гумирана и овозможува добро држење и со тоа правилно може да ја користите.

Оваа четка е соодветна за кучиња со кратко влакно (чивава, стафорд, џек расел) која ќе им помогне да ги бутне паднатите влакна, ја чисти нечистотијата од крзното и дава сјај на влакното. Може да се користи и за кучиња кои имаат средна и долга длака, која ќе им помогне да достигнат висок сјај со меко четкање и тргање на прашината и нечистотијата од крзното.

Може да се користи секој ден бидејќи е нежна кон кожата, со тоа е соодветна и за мали кутриња додека се учат на четкање.