Започнување со употреба на чешелот
Прво изберете го место каде ќе го чешлате вашиот миленик. Препорачливо е да ги чешлате надвор во случај да не избегаат некои живи болви и да го населат вашиот дом. Ако го чешлате миленикот во затворен простор направете го тоа врз весник или подлога за една употреба каде полесно би ги собрале мртвите болви и јајца кои можат да испаднат при употреба на елетричниот чешел.
Пред употреба на чешелот, исчешлајте го миленикот со обичен чешел или четка за да отсраните тутки и нечистотии кои можат да сметаат при употреба на Flea Doctor. НЕ ГО КОРИСТИ НА ВЛАЖНО ИЛИ МОКРО КРЗНО. По употреба исчистете го чешелот со четката.
Начин на употреба
- Започнете со ослободување на забите на електричниот чешел преку лизгање на копчето од страна на чешелот.
- Отакако ќе го направите првиот чекор, вклучете го електричниот чешел преку притиснување на ON/OFF во ON позиција.
- Држете го вашиот миленик во стоечка и мирна положба. Поставете една рака или околу вратот или под стомакот на вашиот миленик, а со слободната рака држете го чешелот. Нежно чешлајте во насока на растење на длаката. Започнете со чешлање од главата, вратот и раменците движекји се кон грбот и опашката, потоа кон страните, стомакот и шепите. За големи или немирни и нервозни миленици препорачливо е двајца заедно да го чешлаат миленикот.
Забелешка: Држете ги запците на чешелот под агол од 45 степени во однос на кожата на миленикот
- При употреба на чешелот внимавајте да не се наталожат болви, јајца и влакна кои можат да влијаат врз ефикасноста на чешелот. За да ги отстраните исклучете го уредот и вратете ги назад запците на истиот.
Забелешка: Уредот кога работи прави звук на неколку секунди, а кога ќе фати болва звукот што го прави трае подолго.
ВАЖНО: Не чешлајте околу очите, ушите, устата и гениталиите или преку рани, лузни, брадавици, модрици, осип и бенки.
- Осигурајте се дека сте го исчешлале целото тело на вашиот миленик. Чешлајте што можете поблиску до кожата за оптимална ефикасност. Препорачливо е после неколку минути повторно да го поминете вашиот миленик со цел да се осигураме дека убаво е исчистена длаката.
- Откако ќе завршите со чешлање на вашиот миленик, исчистете го вашиот електричен чешел над кофа со раствор од вода и сапун за судови, ова ќе ги умртви болвите ако некои останале живи.
Чистење на уредот
- Исчистете ги металните запци на чешелот при потреба додека го корисите или после секоја употреба. Со четката која доаѓа со електричниот чешел исчистете ги останатите болви, јајца и влакна. Ако го чистите во затворен простор исчистете го чешелот врз кофата со растворот.
- За да ја исчистите надворешноста на уредот користете малку натопена крпа и нежно помини.