Dog Mate Голема фонтана на две нивоа

6.000 ден

Твоето куче секогаш ќе биде хидрирано, среќно и здраво со оваа голема фонтана за миленичиња од Dog Mate. Можеби сте приметиле но секогаш нашите миленици повеќе сакаат вода која тече отколку онаа која стои во тањирче. Оваа фонтана е на две нивоа на која постојано тече вода со што секогаш имаат свежа и прочистена вода во секое време од денот.

На секое ниво Вашето куче може да пие вода, што ја прави оваа фонтана соодветна за сите големини на кучиња,  додека пак долниот резервоар е соодветен и за мачиња исто така. Самиот дизајн на фонтаната ја прави многу похигиенска за разлика од нормалните тањирчиња за вода, благодарение на водата која постојано тече и трослојниот филтер кој помага водата да биде постојано прочистена од нечистотии, прашина, крзно и слично. За разлика од повеќето фонтани, овој модел е навистина тивкок и со додадена пречка за да се спречи прскање и истурање на вода.

  • две нивоа за пиење со повеќе брзини на течење
  • соодветно за сите големини на кучиња и мачки
  • капацитет од 6 литри
  • со пречка за да се спречи прскање
  • Изолиран систем на филтрирање кој е многу тивок
  • филтрација на три нивоа за постојано чиста и здрава вода. Се препорачува редовно менување на филтерот и чистење на машината
  • Лесна за одржување и чистење, тањирчињата за вода може да се перат во машина
  • секогаш користете флаширана вода!