Како да користиме FLEXI:
Кучињата треба да бидат шетани и по 15км на ден за да останат здрави. Прошетај го твојот најдобар пријател на флекси поводник и дај му ја слободата на вашето куче да биде куче. Флекски поводниците се безбедни и лесни за употреба. Вклучуваат и безбедносно ремче кое секогаш треба да се користи дополнително со ремчето на вашиот миленик.
За да го ставите безбедносното ремче на вашето куче, еден од прстените ставете го на металната кука на поводникот, потоа ставете го ремчето околу вратот на вашиот миленик и закачете го поводникот за D-прстенот на вашето ремче, потоа и вториот прстен од безбедносното ремче закачето го на металната кука на вашиот поводник. Во случај ако го шетате вашиот миленик на градник, ќе го протенете безбедносното ремче низ горниот дел на градникот и двата прстени ќе ги закачите за металната кука на поводникот и заедно со двата прстени закачени за куката ќе ја закачите за D прстенот на градникот. Безбедносното ремче е создадено да спречи вашиот миленик да избега во случај да му се скрши ремчето или во случај да се откачи.
Држете го флекси поводникот за рачката, лентата или јажето автоматски се подесува со движењето на вашето куче давајќи му ја слободата да се движи. За да го доближите вашето куче поблиску испружете ја вашата рака нанапред и стиснете го копчето за стопирање на флекси поводникот, доближете се до вашиот миленик и поместета ја вашата рака наназад, ослободете го копчето за стопирање и повторно испружете ја вашата рака и притиснете го копчето за стопирање, повторувајќи го порцесот се додека не го донесете вашиот миленик на посакуваната далечина.
Во никој случај не ја фаќајте лентата или јажето, бидејќи можете да се повредите. За привремено да го стопирате флекси поводникот притиснете и задржете го копчето за стопирање со вашиот палец. За да го задржите вашиот миленик до вашата нога, кога флекси поводникот е скоро целосно собран, притиснете го копчето за стопирање со вашиот палец и притиснете го нанапред копчето за заклучување за да го фиксирате флекси поводникот. За да го отклучите поводникот, едноставно повлечете го наназад копчето за заклчучување во неговата оригинална позиција.
Дајте му ја слободата на вашето куче да остане здраво.
FLEXI, слобoда на поводник!