Фурминатор Furmaster
Original price was: 1.010 ден.700 денCurrent price is: 700 ден.
Furmaster е четка Furminator која помага во отстранување на мртвите влакна кај кучињата во процесот на митарење, го отстранува секундарното влакно без да го оштети примарнотo. Некои раси на кучиња имаат два слоеви на влакна и кај нив митарењето трае многу подолго, па тука е оваа четка да им помогне во процесот на вадење на мртвите или лабавите влакна.
Оваа четка е соодветна за кучиња со кратко крзно како на пример: азијат, лабрадор, малиноа, стафорд и слично. Оваа четка најдобро е да се користи еднаш во неделата и максимално 3 пати во месецот бидејќи може да го оштетите крзното. Секогаш четкате во насока на растење на влакното со кратки и брзи движења, не да се влече по цела линија на телото. Избегнувајте го делот кај нозете и главата.
- Оваа четка не е соодветна да се користи на кучиња кои имаат средно, долго или виткано крзно поради што може да го оштетите крзното.
- Оваа четка не смее да се користи ако кучето има чувствителна кожа или е склоно на иритации на кожата
- Оваа четка не е соодветна да се користи додека кучето е мало и е под 12 месеци
После завршување со сесијата на четкање треба внимателно да ја исчистите четката и да ја ставите пластичната заштита да не се оштети сечилото. Достапна е во три големини во зависност од големината на кучето.